дома Магазин Ана Петановска и Дадо Топиќ победија на фестивалот „Бисер на Јадранот“ во...

Ана Петановска и Дадо Топиќ победија на фестивалот „Бисер на Јадранот“ во Тиват

Ана Петановска и Дадо Топиќ победија на фестивалот „Бисер на Јадранот“ во Тиват. Една од најталентираните млади македонски пејачки и легедарниот хрватски рокер од Црна Гора се враќаат со прва награда за песната „Небо“, чија музика ја напиша Григор Копров, текстот е на Дадо Топиќ, а аранжманот е на Стефан Петановски, братот на Ана.

– Прва награда, „Златен бисер“ на овогодинешниот „Бисер на Јадранот“ за песната „Небо“ со Дадо Топиќ, емоциите се тука. Ви благодарам од срце мили луѓе, за сите коментари, желби, честитки и несебична поддршка. Огромна благодарност до фестивалот, Дадо Топиќ и Григор Копров за искрениот ветер во грб и за целиот ангажман. Мотото на фестивалот годинава беше „Тиват го спојува регионот“, и навистина беше така, со многу мои драги колеги се дружев деновиве – рече Ана Петановска.

Григор Копров и Дадо Топиќ се стари пријатели и соработници. Во 2023 и 2024 Топиќ беше гостин на фестивалот „Охрид фест-Охридски трубадури“, чиј директор е македонскиот композитор. Лани, Топиќ во Охрид прослави 60 години кариера и ја изведе песната „Македонија“. Годинава, „Охрид фест“ ќе се одржи на сцената на „Долни Сарај“ на 29 и на 30 август.

– Песната „Небо“ која ја пеев со Ана ми се допадна „на прва топка“, нејзиниот глас е реткост во денешно време. Без оглед на тоа колку награди сум добил, на секоја ѝ се радувам како да ми е прва – рече Дадо Топиќ.

ПредходнаВрската помеѓу алергиите и ракот на белите дробови: Нови сознанија од мета-анализа
СледнаФОТО | Се појавија жешки фотографии од Бастијан со Бугарката Силва: Не се разделува од неа