Американската музичка ѕвезда Џенифер Лопез неодамна одржа концерт на Тенерифе. Иако е позната по своите смели настапи, овој пат ги изненади своите обожаватели симулирајќи секс пози на сцената.

Во видеото кое се прошири низ социјалните мрежи може да видиме како таа носела боди со исечоци кои малку ѝ оставаат на имагинацијата и правела провокативни секс пози со своите танчери. Многумина го сметаа ова за нејзина „одмазда“ кон Бен Афлек, од кого се разведе минатиот август по две години брак.
Но, по овој настап следеа бројни критики од оние кои веруваат дека ја преминала границата на добриот вкус.
„За жал, ова воопшто не ме изненадува од неа. Одвратно“; „Неверојатно очајно. Ја копира Мадона“; „Да можеше да пее, немаше да мора да се однесува вака“, се некои од критиките што ги доби на социјалните мрежи.
Инаку, во интервју што го даде за „Ел Паис“, Лопез рече дека по разводот поминува низ тежок период во животот, но дека станала посилна.
Неодамна ја изведе и својата нова песна наречена „Wreckage of You“ во која отворено проговори за нејзиниот неуспешен брак со Афлек.




