дома Свет Полска ги дигна борбените авиони поради руски активности во Украина во близина...

Полска ги дигна борбените авиони поради руски активности во Украина во близина на границата

Полска ги крена своите борбени авиони во воздух преку ноќ поради руска активност во Украина во близина на полската граница, соопшти оперативната команда на полските вооружени сили.


„Полските и сојузничките воздухопловни сили започнаа операции, а копнените системи за воздушна одбрана и радарско извидување се ставени во состојба на зголемена готовност“, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на оперативната команда, објави РИА Новости.
Полската војска тврди дека преземените мерки имаат за цел да обезбедат безбедност на териториите што граничат со Украина.
Руското Министерство за одбрана постојано наведува дека руските авиони летаат во строга согласност со меѓународните правила за користење на воздушниот простор.

ПредходнаКалифорнија: Уапсен возачот кој откако удрил во пошта во Сан Хозе, предизвикувајќи пожар
СледнаСтапи во сила примирјето меѓу Сирија и Израел