Управата за заштита на податоци на Хонг Конг денеска соопшти дека истражува повреда на лични податоци во „Луј Витон“ што влијае на околу 419.000 клиенти, кратко по кибернападот врз брендот за луксузни стоки во Јужна Кореја во јуни.
-Прекршувањето на податоците вклучувало имиња, податоци за пасош, домашни и е-адреси, историја на купувања и преференции за производи – според соопштението испратено по е-пошта од комесарот за заштита на податоци на Хонг Конг.
„Луј Витон“ го пријави пробивот на податоци во агенцијата на 17 јули.
Седиштето на компанијата во Франција откри сомнителна активност на својот електронски систем на 13 јуни, а потоа на 2 јули откри дека тоа влијаело и на клиентите во Хонг Конг, се вели во соопштението.
Агенцијата соопшти дека започнала истрага за „Луј Витон Хонг Конг“, која ќе испита и дали инцидентот вклучувал доцнење во известувањето.
Компанијата соопшти дека досега не добила никакви поплаки или барања.
„Луј Витон“ не одговори веднаш на барањето за коментар.