дома Локално ВИДЕО: Гори куќа во центарот на Кочани

ВИДЕО: Гори куќа во центарот на Кочани

Пожар избувна во куќа во центарот на  Кочани, пренесе радио Кочани. Засега нема информации за повредени и од што настанал. Во моментот има интервенција за гаснење на пожарот кој ветрот го шири.

Брзата интервенција на Противпожарната бригада спречи катастрофа. Радио Кочани објавни снимки од кои се гледа дека се интервенира со две противпожарни возила. Неофицијално, пожарот е локализиран и е спречено да се прошири на околните објекти.

Според неофицијални извори, како што пренесува МИА, огнот од едната куќа се префрлил на соседната. Сепак, и тој е локализиран и е спречено да не се прошири на околните објекти.

Од запалената куќа, пожарникарите успеале да извлечат повозрасна жена, која според првичните информации, не се наоѓа во животно загрозувачка состојба

Според информациите од Итната медицинска помош хоспитализирани се три лица, кои настрадале од вдишување на чад, но ниту еден од нив не е во животна опасност.

Во борбата со огнот кочанските пожарникари интервенираа со сите расположиви средства, а помош имаа и од Доброволното против пожарно друштво.

Истрагата за утврдување на околностите под кои избувнал пожарот се уште не е започната

видео: Радио Кочани

 

Предходна18-годишник со потекло од Македонија е уапсен во Австрија за планирање терористички напад
СледнаОсумдесетгодишен Македонец починал на плажа во Грција