Кинеската компанија „UBTech Robotics“ со седиште во Шенжен објави дека развила нов хуманоиден робот кој може сам да си ги менува батериите.

Видео објавено во четврток го прикажува роботот Walker S2 како оди до станица за полнење, вади ослабена батерија од неговиот сандак, ја става во док за полнење, а потоа инсталира нова батерија пред да си замине, пренесува „Scmp“.
Таа карактеристика значи дека роботот може, барем теоретски, да работи 24/7 без човечка помош, соопшти компанијата.
Индустријата за хуманоидни роботи во Кина бележи напредок во последните години, а кинеската влада ги идентификуваше роботиката и вештачката интелигенција како клучни стратешки индустрии, обезбедувајќи им поддршка, се вели во порталот.


„UBTech“, компанија со седиште во Шенжен, која стана првиот производител на хуманоидни роботи што котира на берзата во Хонг Конг во 2023 година е меѓу групата кинески компании кои се тркаат да ги донесат своите хуманоидни модели на масовниот пазар.
„UBTech“ не поставил таква производствена цел, но неговите роботи Walker веќе се тестирани на производствени линии во фабриките управувани од кинеските производители на електрични автомобили BYD, Nio и Zeekr.




