Познатата германска манекенка, актерка и водителка Хајди Клум неодамна го прослави својот 52-ри роденден, а по тој повод одлучи да оди на романтичен одмор со својот сопруг Том Каулика.
Двајцата моментално уживаат на сончева дестинација, а како и обично, Хајди ги почасти своите следбеници на Инстаграм со увид во нивниот приватен живот.
Уште едно видео го привлече вниманието, манекенката го соблекува горниот дел од бикинито додека влегува во водата, а нејзиниот сопруг го снима нејзиниот задник додека таа си ги крие градите со рацете. Нејзината самодоверба и младешкиот дух, и покрај нејзините години, продолжуваат да ја пленат публиката низ целиот свет.
Обожавателите го пофалија нејзиниот изглед и позитивната енергија, но исто така коментираа колку љубов зрачи кога е со Том. Парот, кој се венча во 2019 година, често нагласува колку се заљубени, а нивните заеднички моменти го докажуваат тоа одново и одново.