Колку и да сме изненадени од врската на Бугарката Силва Капитанова и сега веќе поранешниот сопруг на Ана Ивановиќ, Бастијан Швајнштајгер, Маркос Ферагут е дупло пошокиран. Ако името не ви кажува ништо, тоа е поранешниот партнер на Силва, истакнат бизнисмен и музички промотор од Мајорка.

Се покажа дека Маркос бил последниот што дознал за аферата на неговата поранешна сопруга со Бастијан.
„Оваа бугарска к**ва ми го уништи животот. Останав дома да се грижам за децата додека таа ме лажеше дека е на танц или во теретана. И во тоа време одеше орлано да го задоволува тој …“, се пожалил Ферагут на пријателите, пренесува „Лупа.бг“.
Во Мајорка, неговото презиме е повеќе од симбол, семејството Ферагут го обликувал културниот живот на островот од средината на минатиот век. Дедото на истакнатиот Марк Ферагут, го отворил Аудиториумот Мајорка – центарот на уметноста, каде што настапувале ѕвезди од Херберт фон Карајан до Мадона.
Заедно со својот брат Хуан, бизнисменот роден во Германија организира фестивали, изложби и забави кои се составен дел од постојаната привлечност на Мајорка за богатите туристи.
За жал, Маркос сега останал да се грижи за двете малолетни деца од 6 и 8 години, додека Силва се забавува со Швајнштајгер во Грција.




