
Ози почина вчера – 17 дена по неговиот последен настап.
Кон крајот на вечерта, самиот Ози се качи на сцената во кожена фотелја. Во придружба на ветераните од неговиот солобенд, тој ги отпеа хитовите „I Don’t Know“, „Mr. Crowley“, „Suicide Solution“, „Mama, I’m Coming Home“ и „Crazy Train“. И покрај загриженоста за неговото здравје, Ози го отпеа своето – резултат на вредна и солидна подготовка за настапот.
На крајот, на Ози на сцената му се придружија и оригиналните членови на „Блек сабат“ – првпат по 20 години. Заедно ги отсвиреа легендарните „War Pigs“, „N.I.B.“, „Iron Man“ и „Paranoid“, додека сите други изведувачи ги стоеја на работ на сцената, пренесува хрватски „Индекс“.
Концертот беше прикажан во живо низ целиот свет, а ќе биде објавен и како кинопродукција на почетокот на 2026 година. Со право наречен „Последниот валцер на хеви-металот“, се вели, овој настан беше среќна околност за сите што беа сведоци на него.