Хали Бери (58) моментално е на одмор во Џошуа Три, Калифорнија, а фототографиите што ги сподели на Инстаграм ги освои нејзините обожаватели уште на прв поглед.
Згодната актерка носеше прекрасен ретро црно-бел едноделен костим за капење во кој го истакна затегнатото тело, а се заштити од сонцето со црна сламена шапка со огромен обод.
Своето летно издание го комплетираше со дискретен златен ѓердан и минималистички маникир во нежно розова нијанса. Косата ја носеше во лабави бранови, а изгледот го комплетираше со минималистичка шминка.
„Пустински денови. Прозорците спуштени, музиката гласна, никаде освен тука“, напиша Бери покрај фотографиите.
Нејзиниот костим за капење изгледа безвременски, но впечатлив. Станува збор за костим од брендот „Manday Swimwear“, кој е достапен во 17 различни комбинации на бои, кроен за да ја додворува женствената фигура и има жица за дополнителна потпора.