дома Бизнис Open AI и Oracle потпишаа договор за центар за податоци вреден 30...

Open AI и Oracle потпишаа договор за центар за податоци вреден 30 милијарди долари годишно

Компанијата за развој на вештачка интелигенција „Опен АИ“ потврди дека потпишала договор со „Оракл“ вреден 30 милијарди долари годишно за изградба на центри за податоци од 4,5 гигавати за проектот „Старгејт“, кој го најави американскиот претседател Доналд Трамп во јануари.


Проектот претставува клучен чекор во стратешката иницијатива од 500 милијарди долари, чија цел е да се овозможи изградба на инфраструктура за вештачка интелигенција од 10 гигавати низ САД до 2029 година.
Се проценува дека новата инвестиција ќе создаде над 100.000 работни места – како во изградбата и работењето на центри за податоци, така и преку синџирот на снабдување и локалните услуги.
Овие работни места вклучуваат директно, трајно вработување во самите центри, привремени работни места во градежништвото, како и индиректно вработување во производство на опрема и сродни активности, според веб-страницата на Open AI.
Информациите за овој договор првпат станаа јавни кон крајот на јуни, кога „Оракл“, во своето поднесување до Комисијата за хартии од вредност на САД (SEC), наведе склучување на повеќегодишен договор што ќе и донесе 30 милијарди долари годишен приход, но името на клиентот не беше откриено во тоа време.
Веста предизвика скок на акциите на „Оракл“, а основачот на компанијата Лари Елисон се искачи на второто место на листата на „Блумберг“ на најбогати луѓе во светот, објави „Тек Кранч“.

ПредходнаСеничиќ: Сите туристи се безбедни на Халкидики, забраната важи за планинскиот дел
СледнаЕкатимерини“: Грција ќе го покрене прашањето зошто земјава не го почитува во целост Преспанскиот договор