дома Свет Палестинската милитантна група Хамас достави одговор до медијаторите во врска со предложеното...

Палестинската милитантна група Хамас достави одговор до медијаторите во врска со предложеното примирје во конфликтот во Газа, објави на Телеграм

Палестинската терористичка група Хамас достави одговор до медијаторите во врска со предложеното примирје во конфликтот во Газа, објави на Телеграм.

epa12069095 Internally displaced Palestinians gather to receive a portion of food from a charity kitchen, in Jabalia, northern Gaza Strip, 02 May 2025. According to the UN Palestinian refugee agency UNRWA, over a million people across the Gaza Strip are experiencing ‘high levels’ of acute food insecurity, with acute malnutrition several times higher than before the war. The UN estimates at least 1.9 million people (nine in ten) are internally displaced. EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Израелските медиуми, повикувајќи се на информирани извори, објавија дека одговорот е ажурирана верзија, иако содржината не беше веднаш откриена.

Според американскиот новински медиум Аксиос, специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, денеска треба да се сретне во Рим со израелскиот министер за стратешки прашања, Рон Дермер, и претставник од Катар.

Доколку се постигне доволен напредок, Виткоф ќе отпатува од Рим до Доха, главниот град на Катар, подоцна оваа недела за да се обиде да го финализира договорот за прекин на огнот, според Аксиос, повикувајќи се на американски и израелски извори.

САД, заедно со Катар и Египет, посредуваат меѓу Израел и Хамас, кои немаат директни разговори. Предлогот на маса предвидува 60-дневен прекин на огнот во текот на кој Хамас ќе ослободи 10 од преостанатите заложници.

По прекинот на огнот, планирани се разговори за трајно решавање на конфликтот. Медиумските извештаи укажуваат на тековните несогласувања околу клучните прашања, вклучително и обемот на повлекување на израелските трупи, особено од јужна Газа. Израел инсистира неговите сили да одржуваат тампон зона по должината на египетската граница.

Предходна(Видео) Најцрн ден за турските пожарникари: Десет загинати во огнената стихија кај Ескишехир, и Кипар е во пламен на 45 степени!
СледнаДали Операта на Центарот Кенеди ќе се преименува по Меланија Трамп?