дома Магазин Почина познат британски диџеј и продуцент на 56 години, ја изгуби битката...

Почина познат британски диџеј и продуцент на 56 години, ја изгуби битката со ракот

Имон Даунс, британскиот продуцент и еден од основачите на рејв движењето од деведесеттите години, почина на 56-годишна возраст по долга и тешка борба со тумор на мозокот, пренесуваат странските медиуми.

Даунс стекна музичка слава под сценското име Аме, како една половина од познатото денс дуо „Ликвид“, познато по химната на рејв генерацијата – песната „Sweet Harmony“ од 1992 година.

Роден во 1968 година во лондонската општина Тауер Хамлетс, Даунс ги помина последните години од својот живот во Италија со сопругата Стела и ќерката Беа.

Почина на 21 јули, а приватна комеморација се одржа во вторник наутро во Рим, на која присуствуваа семејството и блиските пријатели. За време на збогувањето, сопругата на Даунс прочита емотивен говор на италијански и англиски јазик, а насобраните се збогуваа со него под звуците на незаборавната „Sweet Harmony“ – песна која достигна 15-то место на британските топ листи и означи музичка ера.

Веста за неговата смрт беше меѓу првите што ја сподели неговиот долгогодишен пријател и колега диџеј Били Даниел Бантер, кој се збогува со Имон преку социјалните мрежи:

– Со скршено срце му објавувам на светот дека го загубивме Имон Даунс – посветен сопруг на Стела, горд татко на малата Беа и еден од моите најблиски пријатели. Започнавме во продавница за плочи во ’89 година, пред да станам диџеј. Пред „Sweet Harmony“. Од кари и помфрит во Степни, до Лабринт, до моментите кога ме остави во Кингс Крос додека си ја крцкав вилицата од екстаза – ова се некои од најдобрите моменти во мојот живот со Емон.
ПредходнаФОТО+ВИДЕО | Позитива на денот: Најпредвремено роденото бебе на светот наполни една година
СледнаФОТО | Научниците: Вештачката интелигенција лекува машка неплодност, лов на здрави сперматозоиди