дома Живот Прво утврдете ја причината за нивната појава: Акните на грбот не се...

Прво утврдете ја причината за нивната појава: Акните на грбот не се само естетски проблем!

Акните се најчес­то за­бо­лу­ва­ње на ко­жа­та кое погодува око­лу 85 отсто тинејџе­ри и 20 отсто возрасни лица. Се ја­ву­ва­ат на ко­жа­та на ли­цето, гр­бот и гра­дите, во зо­ни­те ка­де што се нај­број­ни и нај­гус­то рас­по­ре­де­ни лој­ни­те жлезди. На гр­бот глав­но се при­сут­ни во об­лик на ко­ме­до­ни (чепо­ви од лој и ке­ра­тин во из­вод­ни­те ка­на­ли на лој­ни­те жлезди) или вос­па­ли­тел­ни па­пули-пас­тули. Во нај­теш­ки­те слу­чаи настануваат дла­боки, тврди и болни јазли, т.н. acne nodulocystica и acne conglobata кои оставаат тешки лузни.

За да почнете да при­ме­ну­ва­те од­ре­де­ни сред­ства за отстранување на акните на грбот, мора прво да ја утврди­те при­чи­на­та ко­ја до­ве­ла до нив­на­та по­јава. Во спро­тивно, не­ма да ги по­сти­гне­те са­ка­ни­те ре­зул­тати.

Најчести при­чи­ни се ин­тен­зи­ви­ра­но­то ра­бо­те­ње на лојните жлезди – мрсната кожа, иритацијата на кожата и неп­ра­вил­но­то од­ржу­ва­ње на лич­на­та хи­ги­ена. Она што мо­ра да го нап­ра­ви­те е да и пру­жи­те по­себ­на не­га на мр­сна­та кожа. Ре­дов­но ту­ши­рај­те се, пра­ве­те пи­линг на ко­жа­та на гр­бот, ко­рис­те­те при­род­ни пре­па­рати, би­деј­ќи хе­мис­ки­те са­мо до­пол­ни­тел­но ја вло­шу­ва­ат си­ту­а­ци­јата, осо­бе­но ако сте алергични на некои од состојките. Не носете тесна и синтетичка облека ко­ја може да ја иритира вашата кожа, туку чиста памучна облека, бидејќи тогаш кожата може да дише. Носењето на облека и ранци кои не пропуштаат воз­дух придонесуваат за претераното потење и иритацијата поради триењето. Избегнувајте користење на лекови и препарати на база на кортикостероиди, како и на анаболици, витамин Б12…

Немојте насилно да ја вадите содржината на воспалените акни. Честото миење со агресивни сапуни и други средства доведува до исушување на кожата и компензаторно засилено лачење на лојните жлезди.

Висока­та тем­пература и влажност на воз­ду­хот до­ве­ду­ва­ат до хи­пер­хид­ра­та­ци­ја и буб­ре­ње на нај­пов­ршин­скиот,слој на ко­жа­та и кон зат­во­ра­ње на по­рите, па ло­јот по­теш­ко се ели­ми­нира. Избег­ну­вај­те пи­ја­ла­ци и хра­на бо­га­та со ше­ќер, ка­ко и пре­ку­мер­но вне­су­ва­ње мле­ко и млеч­ни про­из­води.
Освен естет­ски, за мно­гу­ми­на кои има­ат ак­ни на гр­бот тие се и го­лем психо­социјален проб­лем. Затоа, многу е важ­но бла­гов­ре­ме­но да се ба­ра по­мош од дер­ма­то­лог и да се спро­ве­де ин­ди­ви­ду­ал­но адап­ти­ра­на те­ра­пи­ја и на тој на­чин да се избегнат лузни.

Лекува­ње­то на ак­ни­те на гр­бот се спро­ве­дува во зависност од тежината на болеста. Цел е да се намали лачење­то на лој­ни­те жлезди, да се деј­ству­ва ке­ра­то­лич­ки (да се ин­тен­зи­ви­ра лу­пе­ње­то и от­стра­ну­ва­ње­то на мр­тви­те клет­ки на епи­дермот и на тој на­чин да се спре­чи нас­та­ну­ва­ње­то на ко­ме­до­ните) и да се зап­ре рас­тот и раз­во­јот на бак­те­ри­и­те кои се нас­та­ну­ва­ат во лој­ни­те жлез­ди и го пок­ре­ну­ва­ат воспалителниот процес. Терапијата кај полесните облици секогаш започнува со локални средства во вид на лосиони, гелови, кремови. Од локалните препарати најчесто се применуваат бензоил пероксид, БХА и АХА киселините (салицилна киселина, гликолна и др.), антибиотици (клиндамицин), азелаична киселина, ретионоиди (деривати на витаминот А). Според потребата можат да се применуваат и хемиски пилинзи.

Тие значајно придонесуваат на успешното лекување на акните, како и на дамките и лузните од ак­ните, благо­да­рение на своето кератолитичко и противвоспалително дејство, на инхибицијата за созда­ва­ње на ко­ме­до­ни­те и ин­тен­зив­но­то ла­че­ње на лој­ни­те жлезди.

Кај по­теш­ки­те облици на акните, покрај локалната, се спроведува и системска терапија со антибиотиците (тетрациклин, еритромицин, доксициклин), ан­ти­ан­дро­гени, хормо­ни (орал­ни кон­трацеп­тиви) и ре­ти­но­и­ди (изот­ре­ти­но­ин – на­је­фи­ка­сен лек кој се при­ме­ну­ва кај по­теш­ки­те об­ли­ци на акни, ка­ко и кај уме­ре­ни­те кои не­ма­ле по­во­лен те­ра­певт­ски од­го­вор на при­ме­на­та на дру­ги­те ле­кови).

Природни мерки за лекување на акните на грбот

Мора да водите сметка за внесот на здрава исхрана и течности. Бидејќи она што го внесуваме во организмот, се манифес­ти­ра над­во­решно.

– правете пилинг на кожата со мор­ска сол;
– пијте што повеќе чаеви кои го чистат организмот, а со самото тоа ве ослободуваат од токсините и бактериите кои можат да предизвикаат акни и митесери;
– зголемете го внесот на витамин Ц, бидејќи тој го регулира лачењето на маснотиите;
– пијте многу вода, бидејќи хидрираната кожа е здрава кожа;
– лимоновиот сок одлично ја чисти кожата и ја снабдува со витаминот Ц;
– може да нанесувате мраз или ладни облози на кожата зафатена со акни, бидејќи мразот ја поттикнува циркулацијата, ги замрзнува порите и ја чисти кожата.

ПредходнаЗошто во лето се чувствуваме повеќе подуени и како да си олесниме?
СледнаДијареа за време на одмор: Како да ја спречите и што смеете да јадете?