Фотографија од познатиот актер и режисер Клинт Иствуд стана вирална на социјалните мрежи, објавена во пресрет на неговиот 95-ти роденден. Фотографијата го прикажува актерот како лежи во болнички кревет држејќи торта за роденден во рацете со роденденски свеќи со бројот 95.
Фотографијата е лажна, а неговиот тим веднаш се огласи преку платформата Икс, за да разјасни дека станува збор за фотографија од вештачка интелигенција генерирана врз основа на една од филмски сет.
View this post on Instagram
„Слика генерирана од вештачка интелигенција циркулира на интернет, која лажно го прикажува Клинт во болнички кревет. Оваа слика е целосно лажна и манипулирана. Клинт е добро, во добра здравствена состојба и не е во болница! Ова е манипулирана верзија на оваа фотографија направена во јули 2023 година од снимањето на филмот ‘Поротник бр.2’ со младата актерка Анџела Мари Смит. Клинт наполни 95 години на 31 мај, а сите фотографии што го прикажуваат со торта за роденден се исто така лажни“, напишаа тие на неговиот официјален профил.
Клинт Иствуд е легенда на филмскиот свет со кариера што трае шест децении. И покрај годините, Иствуд е сè уште активен, а во ноември минатата година беше објавен неговиот филм „Порота број 2“, во кој глуми Николас Хоулт.