дома Македонија Политика Го уривате Охридскиот договор – Османи со жесток одговор до Муцунски

Го уривате Охридскиот договор – Османи со жесток одговор до Муцунски

Поранешниот министер за надворешни работи и пратеник од редовите на ДУИ, Бујар Османи, остро реагираше на изјавите на актуелниот министер за надворешни работи, Тимчо Муцунски, поврзани со  добрососедските договри , Охридскиот и  современото уредување на државата.

Во својата реакција објавена на социјалните мрежи, Османи порача дека „функционалноста на мултиетничката демократија не може да се редефинира со дневнополитички флоскули“ и предупреди дека непризнавањето на договорот е удар врз темелите на државата.

– Во начелата и принципите на Охридскиот мировен договор е пресликан современиот модел на соживот и функционалната унитарност на земјава – нагласи Османи, додавајќи дека договорот обезбедува механизми како што се Бадентеровото мнозинство, правичната застапеност преку Балансерот, засилената децентрализација и јазичната еднаквост.

Според него, токму овие механизми ја гарантираат стабилноста и кохезијата во државата, а нивното игнорирање или негирање е „директен удар во темелите на современата државност“.

„Вистинското вреднување на овој механизам не ја загрозува, туку ја зајакнува внатрешната кохезија како основно врзивно ткиво на унитарноста на државата,“ и дека секој што го оспорува овој модел „директно удира во темелите на современата државност“ и интересите на сите граѓани,пишува Османи на својот профил на Фејсбук.

Според него, решението е во почитување на духот и механизмите од Охридскиот договор, како што се правична застапеност, децентрализација и поддршка за колективните права, а не нивна политичка инструментализација.

– Изјавата на Муцунски не претставува само погрешно разбирање на суштината на Охридскиот договор, туку делува и како обид за отворање на непотребен етнички фронт, во политички контекст кога ни е потребен суштински консензус за европското досие – напиша Османи.

„Охрид не е проблемот – Охрид е решението. Исто како и Преспа, исто како и Договорот за пријателство со Бугарија. И уште еднаш – тој што не го разбира тоа или не сака да ја прифати таа реалност директно и наштетува на иднината на земјата“,вели Османи

 

ПредходнаАларм! Берово го повика населението да се вклучи во гаснење на пожарот на планината Готен!
СледнаТри лица повредени во пожар во Албанија, евакуирани се над 2.000