Изградбата на малите хидроцентрали на Кожуф ја донесоа големата еко активистка Грета Тунберг во Македонија. Тунберг, се приклучи на протестната блокада за спас на реката Дошница на Кожуф, каде што активисти и жители повеќе од еден месец го блокираат патот и бараат Владата да ја поништи концесијата за изградба на мала хидроцентрала и да го прогласи текот на Дошница за заштитено подрачје.
Тунберг ја повика јавноста на солидарност и истакна дека заштитата на животната средина и човековите права се неразделни цели, повикувајќи ги граѓаните да се приклучат на локалните заложби.
„Слушнав за вашата борба и решив да дојдам да ве посетам. Секоја локална борба е и глобална. Сите овие битки против уништувањето на природата се поврзани и затоа секогаш ги поддржувам. Властите ги жртвуваат планетата Земја и еко-системите, па затоа е важно сите активисти да се поврзуваат на овој начин”, рече Тунберг, која не сакаше да разговара со присутните новинари.
Грета Тунберг, познатата активистка, вчера беше дел од јавна дискусија посветена на актуелната состојба во Газа, каде населението се соочува со глад и болести заради спречувањето на достава на храна и лекови.
Таа е во Макеоднија само еден ден откако македонскиот Парламент не даде поддршка за предлог-резолуцијата за хуманитарната ситуација во појасот Газа





