дома Свет Балкан МВР: Повеќе од 100 отворени пожари активни во Србија

МВР: Повеќе од 100 отворени пожари активни во Србија

Повеќе од 100 пожари се активни на отворени површини на територијата на Република Србија, а најзагрозените локации се евидентирани во околината на Ниш, Врање, Крагуевац, Пријепоље, Мали Зворник, Ужице и Крушевац, соопшти српското  Министерството за внатрешни работи.

Во гаснењето на пожарот учествуваа повеќе од 500 пожарникари и спасувачи од сите делови на Србија, со околу 150 возила за разни намени.

Благодарение на брзата и ефикасна интервенција, спасени се повеќе од десет лица, околу 150 станбени и деловни згради, една трафостаница, десетици земјоделски имоти, градежна механизација и домашни животни.

ПредходнаДневен хороскоп за 26 јули: Вашата интуиција денеска ќе биде силна и точна
СледнаПожари во близина на Атина, евакуација на загрозените жители