Во раните утрински часови се случила силна експлозија на влезот од станбена зграда во солунската населба Сикиес, објави весникот „Катимерини“.
Експлозијата е предизвикана од механизам активиран од непознати лица, а евидентирана е материјална штета како во зградата каде што се случила детонацијата, така и во околните згради и паркираните возила.
Двајца млади лица се здобиле со полесни повреди, најверојатно од скршено стакло, и биле пренесени во болницата Хипократ во Солун.
Пожарникарите брзо пристигнале на местото на инцидентот, но не морале да интервенираат бидејќи немало пожар.
Полицијата го блокираше местото и истрагата за инцидентот е во тек.
Првичните информации укажуваат на можноста дека во зградата живеел затворски работник во Солун, што би можело да биде потенцијален мотив за нападот, соопшти полицијата.