дома Свет Стармер, Макрон и Мерц разговараа за планот за помош за Палестинците во...

Стармер, Макрон и Мерц разговараа за планот за помош за Палестинците во Појасот Газа

Во разговорите со францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц, британскиот премиер Кир Стармер потврди дека британската влада ќе „продолжи да ги спроведува“ плановите за евакуација на децата од Појасот Газа и воздушен транспорт на помош до окупираната палестинска енклава со цел да се ублажи ситуацијата што ја нарече „ужасна“.

Во разговор со Макрон и Мерц, британскиот премиер ги истакна намерите на Обединетото Кралство да соработува со Јордан во спроведувањето на овие планови, објавува „Гардијан“.
Тројцата лидери се согласија тесно да соработуваат за да спроведат план што ќе „го отвори патот за долгорочно безбедно решение во регионот на Блискиот Исток“.
Портпаролот на канцеларијата на Стармер потврди дека тројцата лидери разговарале за ситуацијата во Газа и се согласиле дека ситуацијата е ужасна.
Стармер, Макрон и Мерц ја нагласија потребата од воспоставување прекин на огнот без одложување, укинување на сите израелски ограничувања за испорака на помош и итно обезбедување храна за оние што страдаат во Појасот Газа и на кои очајно им е потребна храна.
Британскиот премиер потврди дека Обединетото Кралство ќе работи и на воспоставување соработка со партнери како што е Јордан за испорака на хуманитарна помош по воздушен пат и евакуација на деца на кои им е потребна медицинска помош.

ПредходнаСтејт департмент: САД го осудуваат објавувањето на налози за апсење од страна на владата на Хонг Конг
СледнаСтотици луѓе во Единбург и Абердин протестираа против посетата на Трамп на Шкотска