дома Свет Трамп повторно го критикува Макрон во Шкотска поради најавата за признавање на...

Трамп повторно го критикува Макрон во Шкотска поради најавата за признавање на Палестина

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва, по пристигнувањето во Шкотска, повторно го критикуваше францускиот претседател Емануел Макрон за неговата најава дека Франција ќе ја признае палестинската држава во септември.
Трамп изјави дека трговскиот договор меѓу ЕУ и САД е близу до постигнување, објави „Скај њуз“.


Тој исто така истакна дека му се допаѓа британскиот премиер Кир Стармер иако, како што изјави, тој е малку пополиберален од него.
„Тој е добар човек. Тој постигна трговски договор и, знаете, тие работат на овој договор веќе 12 години… Тој го постигна. Тоа е добар договор. Тоа е добар договор за Обединетото Кралство“, рече Трамп.
Британските медиуми објавија дека за посетата на Трамп се преземени „обемни безбедносни мерки“, вклучувајќи снајперски тимови и повеќе од 5.000 полицајци од цела Велика Британија.
Трамп планира да се сретне со британскиот премиер Кир Стармер за време на петдневната посета на Шкотска.
Тој го најави отворањето на нов терен со 18 дупки на голф теренот „Трамп Интернешнл Голф Линкс“ во Тернбери, Ершир, во близина на Абердин.
Теренот првично бил наречен голф терен „Меклауд“ по неговата мајка, Мери Ан Меклауд, која е родена во Шкотска.
Трамп ќе биде во Шкотска од денес до 29 јули, а по Тарнбери, тој ќе го посети и својот втор голф терен во Абердиншир, каде што се очекува и отворање на нова голф инвестиција.

Предходна„Фич“ го потврди рејтингот на Србија на ББ+ со позитивна перспектива за понатамошно зголемување
СледнаФолксваген претрпе штета од 1,3 милијарди евра поради високите царини на Трамп