Некој прекина рутински состанок на локалните власти на општината Езеро Констанс пуштајќи порнографско видео и нацистички симболи на фидот на платформата Зум. Нападот беше „длабоко вознемирувачки“, изјави портпаролката на општината.

Рутинската седница на општинскиот совет Бодман-Лудвигсхафен беше прекината оваа недела од хакери кои го презедоа линкот во која вметнаа порнографски снимки.
На екранот се појавија и свастики, изјави претставник на советот за ДПА, опишувајќи го нападот како „длабоко вознемирувачки“.
Во салата имаше околу дваесет луѓе, а неколкумина ги следеа настаните онлајн, на платформата Зум.
Советот со години ги емитува состаноците во живо, обезбедувајќи им на заинтересираните жители на општината западно од езерото Констанца увид во плановите и иницијативите на локалните власти.
Сѐ уште неидентификувани хакери ја презедоа контролата врз Зум и споделуваа порнографски клипови, кои беа проектирани на екранот од компјутер во собата.
Емитувањето беше прекинато по неколку секунди од градоначалникот Кристоф Штолц.
Засега не е јасно како напаѓачите го презедоа состанокот. „Сега размислуваме како да го направиме пристапот безбеден во иднина и да спречиме слични инциденти“, изјави Столц за локален весник.
Портпаролката изјави дека советот ќе ја промени платформата за емитување на состаноците и додаде дека полицијата го истражува инцидентот.