Двегодишно удавено девојче е пронајдено во саботата навечер на плажа во населба во близина на Атина.
Случајот во полиција го пријавил 33-годишен маж кој рекол дека телото на дете, старо околу две години, било исфрлено на брегот на плажата Еден во Палео Фалиро.
Како што објави јавниот радиодифузен сервис ЕРТ, единицата за итни интервенции била прва што пристигнала на местото на настанот.
Девојчето со возило на брза помош било пренесено во Детската болница „Света Софија“, каде што била констатирана смрт.
Процесот на идентификација на телото е во тек.