Командантот на либанската милитантна група Хезболах, Али Абед ал-Кадер Исмаил, беше убиен во саботата во израелски напад со беспилотно летало врз Бинт Џбеил во јужен Либан, соопшти израелската војска.

Во соопштението се вели дека, според податоците на израелската војска, Исмаил бил вклучен во напорите за обнова на капацитетите на Хезболах во областа Бинт Џбеил.
Војската соопшти дека постапките на Исмаил „претставуваат јасно кршење на договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Либан“, објави „Тајмс оф Израел“.




