Најмалку 11 лица се хоспитализирани по напад со нож во супермаркет „Волмарт“ во Траверс Сити, Мичиген, соопшти денес полицијата во тој град.

Осомничениот за нападот е уапсен, објави Фокс њуз.
Шерифот на округот Гранд Траверс, Мајкл Ши, изјави дека 42-годишен маж, дејствувајќи сам, влегол во продавница во Траверс и употребил преклопен нож за да избоде околу десетина луѓе.
Осомничениот, чиј идентитет не е јавно објавен од властите, бил приведен за неколку минути, а граѓаните кои се нашле во „Волмарт“ помогнале во апсењето на човекот и им пружиле помош на жртвите.
Болницата Мунсон соопшти дека пет жртви се во сериозна состојба, а шест се во критична состојба.
Траверс е мал град во северен Мичиген, сместен на бреговите на заливот Гранд Траверс на езерото Мичиген.




