Аргентинска баба беше трогната до солзи овој месец кога нејзиниот внук ја изненади со видео генерирано од вештачка интелигенција од нејзиниот сопруг, кој починал пред повеќе од 30 години.
Жената, Сати, се израдува кога некогаш неподвижната фотографија од нејзиниот сопруг, Хозе, почна да се мрда, насмевнувајќи ѝ се. Нејзиниот внук, Мартин Гархтром, го направи видеото и го сподели со своите следбеници на Тикток.
Дали е тоа Пепе?“, праша Сати, 100, во видеото, осврнувајќи се на него користејќи шпански прекар, сподели „Сторифул“.
Во еден момент, Сати го држеше нејзиното лице со рацете, пресреќна од она што го создал нејзиниот внук со помош на вештачката интелигенција, пред да се навали назад за уште еднаш да го погледне својот сопруг.
Инаку, сопругот на Сати, Хозе, починал пред повеќе од 30 години. Таа често разговара со својот внук, а една честа тема на дискусија е токму човекот за кого се омажила пред толку години.
„Мојата баба Сати секогаш зборува за мојот дедо Хозе. Таа е вљубена како првиот ден“, рекол Гархтром.
Нејзиниот внук е UX дизајнер и музичар, и обожава да ѝ покажува на својата баба нова технологија, како што е вештачката интелигенција.
Спојувањето на технологијата со нејзината љубов кон нејзиниот покоен сопруг беше нужно. Тој се сетил на фотографија од неговит дедо Хозе како седи на мала маса во нивната дневна соба. Потоа ѝ објаснил како може од истата фотографија да направи нешто ново.
„Прво, ѝ реков: ‘Ќе го сликам со мојот мобилен телефон’“, ѝ објаснил тој на својата баба. „Потоа ѝ реков: ‘Ќе ја префрлам оваа фотографија на компјутерот и ќе ја оживееме.’“
Додека ѝ го пушташе видеото на 7 јули, ја праша дали разбира што се случува.
„О, Боже! Те сакам, Хозе. Се сакавме. Не можам да верувам“, рекла таа во видеото.