дома Свет Конференција на ОН за две држави за Израел и Палестина денес, САД...

Конференција на ОН за две држави за Израел и Палестина денес, САД и Израел го бојкотираат состанокот

Десетици министри за надворешни работи ќе се соберат денес во Обединетите нации на конференција посветена на решение за израелско-палестинскиот конфликт со две држави, но САД и Израел ќе го бојкотираат собирот, објавија денес американските медиуми.


Генералното собрание на ОН минатиот септември одлучи конференцијата да се одржи во 2025 година, но домаќините на собирот – Франција и Саудиска Арабија – ја одложија во јуни откако Израел го нападна Иран, објави Ројтерс.
Конференцијата има за цел да утврди параметри за мапа на патот кон палестинска држава, а воедно да се обезбеди безбедноста на Израел.
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро во интервју за весникот „Ла Трибјун Диманш“ изјави дека ќе ја искористи конференцијата за да ги охрабри другите земји да ѝ се придружат на Франција во признавањето на палестинската држава.
Франција има намера да ја признае палестинската држава во септември на годишниот собир на светските лидери во Генералното собрание на Обединетите нации, изјави минатата недела францускиот претседател Емануел Макрон.
„Ќе упатиме апел во Њујорк за да можат и другите земји да ни се придружат во започнувањето на уште поамбициозна и понапорна динамика што ќе кулминира на 21 септември“, рече Баро, додавајќи дека очекува арапските земји дотогаш да го осудат палестинскиот Хамас и да повикаат на разоружување на милитантната организација.

ПредходнаРачна бомба фрлена во бар во Белград, нема повредени
СледнаМилиони стерилизирани комарци пуштени на Хаваи за борба против истребувањето на птиците