дома Свет Мелони: Договорот меѓу САД и ЕУ спречува катастрофални последици

Мелони: Договорот меѓу САД и ЕУ спречува катастрофални последици

Италијанската премиерка Џорџа Мелони го поздрави трговскиот договор постигнат меѓу САД и Европската Унија, кој вклучува, меѓу другото, царина од 15 отсто за увозот од ЕУ, објавија италијанските медиуми.

-Го поздравувам фактот дека е постигнат договор, изјави Мелони за новинарите во Адис Абеба, каде што присуствува на Самитот на ОН за синџирот на исхрана.

„Секогаш верував и продолжувам да верувам дека влошувањето на трговските односи меѓу Европа и САД би имало непредвидливи и потенцијално катастрофални последици“, додаде таа, нагласувајќи дека сè уште не е доволно запознаена со деталите од договорот.

-Ќе мора да работиме повеќе на договорот бидејќи она што беше потпишано вчера е во принцип и правно необврзувачко, рече Мелони

„Сè уште има борба. На пример, треба да провериме кои се можните исклучоци, особено за некои земјоделски производи“, додаде таа.

-Недостасуваат голем број елементи и не знам за што зборуваме кога зборуваме за инвестиции, трговија со гас итн.“, посочи Мелони.

„Нема да дадам проценка додека немам јасни податоци“, заклучи италијанската премиерка.

ПредходнаКремљ не ја исклучува можноста за средба меѓу Путин и Трамп во Кина во септември
СледнаВладата на Црна Гора донесе одлука за воведување нови санкции против Русија