дома Локално Мојсова се сретна со противкандидатот за градоначалник на Карпош, Лукровски

Мојсова се сретна со противкандидатот за градоначалник на Карпош, Лукровски

Кандидатката за градоначалник од редовите на СДСМ за Општина Карпош, д-р Маја Мојсова се сретна со противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ, бизнисменот Сотир Лукровски за да поразговараат околу изборната трка која им следув пред локалните избори во октомври.

„Како човек кој во животот секојпат се води од достоинствено и чесно однесување, така и како кандидатка за градоначалник на општина Карпош, јавно се обврзувам на фер, коректна и достоинствена политичка трка со сите чинители на Локалните избори.

Денес имав можност да се сретнам со мојот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски и заеднички да поразговараме за периодот кој ни следува“, напиша Мојсова на Фејсбук

ПредходнаНЕ стивнува шумскиот пожар кај Крива Паланка – зафатени над 100 хектари борова шума, огнот се шири кон Србија
СледнаМицкоски: Пустец е доказ дека припадноста не се брише