дома Живот Навиката на нашите предци: Експертите утврдија дали спиење покрај отворен прозорец е...

Навиката на нашите предци: Експертите утврдија дали спиење покрај отворен прозорец е навистина поздраво?

Холандските истражувачи од Ајндховен користеле високотехнолошки методи за да го следат квалитетот на сонот на 17 здрави волонтери во текот на пет ноќи. Една група учесници спиеле со делумно отворена врата или прозорец од спалната соба, што овозможувало подобра вентилација, додека другата група спиела во затворена просторија.

Новото истражување ги докажало тврдењата на нашите предци дека е подобро да се спие ако прозорецот или вратата од спалната соба е отворена.

Резултатите од истражувањето покажале дека просториите со подобра вентилација имале пониски нивоа на јаглерод диоксид во воздухот (јаглерод диоксидот се создава во текот на дишењето) и тоа влијаело на подобриот сон на учесниците кои спиеле во простории со отворени прозорци или врати.

Пониското ниво на јаглерод диоксид во спалната соба подразбирал поголема длабочина на спиењето и поголема ефикасност на спиењето, како и помалку будења во текот на ноќта.

Д-р Стивен Фајнсилвер, експерт за спиење, ги коментирал резултатите од истражувањето, наведувајќи дека ноќното опкружување е важно за добар сон. Не сите спални соби влијаат подеднакво на квалитетот на нашиот сон, бидејќи за добар сон е важно нашето ноќно опкружување, односно средина.

Општо е познато дека многу подобро се спие во постудена средина, но досега не е посветено многу внимание на тоа како квалитетот на воздухот во затворен простор влијае на квалитетот на спиењето.

Попрецизните современи истражувања можат да понудат подобар увид во тоа како условите во просторијата (температура, влажност, чистота на воздухот, бучава, светлина…) влијаат на квалитетот на сонот. Сега научниците имаат на располагање современи методи и средства за истражување: прецизни инструменти за мерење на условите во собата, како и современи уреди за мерење на мозочните бранови во текот на спиењето.

ПредходнаВИДЕО! Синот на Софија Лорен се ожени за 22 години помлада Грузијка: Карло поради неа ја прими православната вера
СледнаФОТО+ВИДЕО! Принцезата е голем фан: Принцот Вилијам ја однесе Шарлот на фудбалски натпревар