Најмалку пет лица се повредени рано утрово во руски напад врз Киев, објави началникот на градската воена администрација, Тимур Ткаченко.
Тој напиша на Телеграм дека една станбена зграда е оштетена во нападот, објави Ројтерс.
Украинските воздухопловни сили соопштија дека силите за противвоздушна одбрана собориле 78 од 83 беспилотни летала лансирани од руската војска во Украина во текот на ноќта, објави Укринформ.