Полски и сојузнички авиони беа активирани утрово за да ја обезбедат безбедноста на полскиот воздушен простор откако Русија започна ракетни напади врз западна Украина, во близина на границата со Полска, соопшти Оперативната команда на полските вооружени сили.
Рано утрово во поголемиот дел од Украина беше прогласена вонредна состојба во воздушниот сообраќај поради руски напади со беспилотни летала и ракети, објави Ројтерс.
Украинските воздухопловни сили соопштија дека силите за противвоздушна одбрана собориле 78 од 83 беспилотни летала лансирани од руската војска во Украина во текот на ноќта, објави Укринформ.




