дома Магазин ФОТО! Џесика Алба страсно се бакнува среде улица со згодниот актер 12...

ФОТО! Џесика Алба страсно се бакнува среде улица со згодниот актер 12 години помлад од неа

Актерката Џесика Алба (44) повторно беше видена со нејзиното наводно ново момче, актерот Дени Рамирез (32), a овој пат не можеа да ја сокријат блискостa. Фотографиите што ги објави „Де муа“ (DeuxMoi) во саботата ги покажуваат Џесика и Дени како страсно се бакнуваат на улица.

Рамирез ги обвиткал рацете околу вратот на познатата Џесика додека стоеле пред неговиот дом, а по страсниот бакнеж, двајцата се смееле.

 

Наводниот пар беше фотографиран во лежерни изданија, кои, како што забележаа некои, биле слични. Алба носела темно сина јакна, сиви панталони, црни патики и капа, додека Дени носел темно сина кошула, сиви тренерки и црни патики.

Џесика и Дени  во последно време неколкупати беа видени заедно во јавноста, а неодамна беа фотографирани во текот на романтична вечера во Лос Анџелес. Тие заедно го напуштиле ресторанот заедно и влегле во автомобилот. Како што откри изворот, двојката наводно не е „во ексклузивна врска“, додавајќи дека Алба „само сака да се забавува“ по разводот од долгогодишниот Кеш Ворен.

Џесика во јануари потврди дека се разведува по речиси 17 години брак.

„Со години бев на патот на самооткривање и трансформација – и како индивидуа и во партнерство со Кеш. Горда сум на тоа како растевме како двојка и во нашиот брак и во текот на последните 20 години, но сега е време да започнеме ново поглавје на раст и еволуција како поединци. Одиме напред со љубов, љубезност и почит еден кон друг и засекогаш ќе бидеме семејство. Нашите деца остануваат наш највисок приоритет, па затоа во овој момент бараме приватност“, напиша Џесика на Инстаграм во тоа време.

ПредходнаВИДЕО! Хари Стајлс лансира бренд за секс играчки: Се распродале за еден ден
СледнаВИДЕО! Синот на Софија Лорен се ожени за 22 години помлада Грузијка: Карло поради неа ја прими православната вера