дома Бизнис FT: САД ги паузираат ограничувањата за извоз на технологија во Кина

FT: САД ги паузираат ограничувањата за извоз на технологија во Кина

Соединетите Американски Држави ги прекинаа ограничувањата за извоз на технологија во Кина за да избегнат нарушување на трговските разговори со Пекинг и да ги поддржат напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да обезбеди средба со претседателот Си Џинпинг оваа година, објави денес „Фајненшл тајмс“.

Весникот наведува дека Канцеларијата за индустрија и безбедност на Министерството за трговија на САД, која го надгледува и контролира извозот, во последните месеци добила инструкции да избегнува остри потези против Кина, пренесува Ројтерс.
Белата куќа и Стејт департментот не одговорија на барањата на Ројтерс за коментар на тврдењата на „Фајненшл тајмс“.
Американските и кинеските економски претставници денес треба да ги продолжат разговорите во Стокхолм за долгогодишните економски спорови што се во срцето на трговската војна меѓу двете најголеми економии во светот.

ПредходнаФон дер Лајен: Со САД постигнавме договор што обезбедува стабилност и предвидливост за двете страни на Атлантикот
СледнаНајмалку пет лица се повредени во рускиот напад врз Киев