дома Македонија Политика Меџити: Најверојатно ќе бидам кандидатот на ВРЕДИ за Чаир

Меџити: Најверојатно ќе бидам кандидатот на ВРЕДИ за Чаир

Меџити: Најверојатно ќе бидам кандидатот на ВРЕДИ за Чаир, најдобар ветинг ќе направат граѓаните на претстојните локални избори

  Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџит денеска истакна дека најверојатно тој ќе биде кандидат за градоначалник на Чаир на ВРЕДИ на престојните локални избори.

Тој истакна дека при крај се консултациите и се чекаат резултатите од анкетите и додаде дека верува оти до крајот на неделата ќе излезат со листа на кандидати од Струга до Липково, со целосен список на градоначалници.

Во однос на тоа во кои општини е договорена меѓусебна поддршка со ВМРО-ДПМНЕ, Меџити не кажа конкретни општини, но напомена дека ќе постапат онака како што досега се постапувало, како што и досега заемно се поддржувале владините или опозициските партнери, ќе си помогнат едни со други, онаму каде што не можат сами.

Негов протвкандидат е поранешниот министер и сопартиец од ДУИ, Бујар Османи.

 

 

ПредходнаОпштините од Југозападниот и Пелагонискиот регион ќе добијат 83 возила за комунален отпад
СледнаМитрески: Интерпелацијата нема правни последици и СДСМ нема да учествува во гласањето, одлуката е на обвинителот