Најмалку 16 лица се убиени, а 35 се ранети во ноќен напад на руските сили врз поправен дом во Запорожјето, објавија утрово локалните власти.
„Овој напад е еден од осумте гранатирања на регионот во текот на ноќта“, изјави началникот на Воената администрација на Запорожјето, Иван Федоров, објави Укринформ.
Според него, нападот бил извршен со употреба на воздушни борбени бомби, а погодена била инфраструктурата на објектот, додека оштетени биле и околните приватни куќи.
„За жал, има мртви и ранети. На повредените им е пружена целата потребна медицинска помош“, рече Федоров преку Телеграм.
Вкупно 672 артилериски и воздушни напади беа регистрирани во текот на претходниот ден врз 14 населени места во регионот, вклучувајќи го и Полохивскиот округ, каде што беше ранета 81-годишна жена.




