дома Живот Рецепт за домашен овошен јогурт: Здраво летно освежување за минута!

Рецепт за домашен овошен јогурт: Здраво летно освежување за минута!

Домашниот овошен јогурт е здраво летно освежување. За разлика од фабричките, не е презаситен со шеќер, а многу лесно се прави. Сѐ што ви треба е грчки јогурт и сезонско овошје, а ние овој пат ви предлагаме боровинки.


Процесот на подготовка на овој овошен јогурт е многу едноставен.

Состојки:

– 250 грама боровинки
– 250 грама грчки јогурт
– 1 лажица мед

Фото: PxHere

Подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и убаво изблендирајте. Ќе знаете дека смесата е готова кога текстурата ќе стане како сладолед. Префрлете го во сад или чаша, одозгора ставете неколку замрзнати бобинки за декорација и послужете веднаш. Ништо полесно! Па, ако ви се допаѓа оваа форма на млечен производ, трчајте во кујната, бидејќи ви се потребни само пет минути од вашето време.
Совет: Можете исто така да ја замрзнете оваа смеса и подоцна да ја јадете како сладолед или како додаток на некоја чоколадна торта.
Овој освежителен овошен јогурт е одличен за ужина. Не содржи додадени шеќери што ги имаат многу индустриски овошни јогурти.

ПредходнаПознати се местото и времето на погребот на Ози Озборн: Еве ги сите детали
СледнаФОТО | Џеф Безос е третиот најбогат човек во светот: Ова се некои од најскапите работи што ги поседува