
Собранието денеска на почетокот на 64-та седница ја констатира оставката на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Татјана Димитровска.
-Собранието врз основа на член 121 став 2 од Деловникот на Собранието констатира дека и престанува функцијата претседател на Државната комисија за спречување на комисијата, истакна Гаши, откако Димитровска не ја искортисти можноста да ја образложи оставката.
Димитровска поднесе оставка во петокот на 25 јули, откако Обвинителството за гонење организиран криминал и поднесе обвинение за две кривични дела и тоа за оддавање службена тајна на поранешниот директор на ТЕЦ Неготино Небојша Стојановиќ, обвинет во „Адитив“, и за компјутерски фалсификат затоа што ревизор од ДЗР во нејзино име и го положил тестот за сертификат за државна тајна. Димитровска во оставката се повика на чл. 14 став 1 алинеја 1 од Законот за спречување на корупција без друго образложение.