Поради интензивната ретроградна положба на Меркур, еден хороскопски знак ќе поминува низ голема лична трансформација до 11 август. Планетата на комуникација се движи наназад низ првата куќа на Лавот, што е областа на личен идентитет, самодоверба и изразување.
Според астролозите, ова значи дека Лавовите можат да очекуваат ненадејни увиди, емоционални кризи и преиспитување на нивниот идентитет. Фокусот ќе биде на прашањата: „Кој/а сум јас кога никој не гледа?“, „Дали премногу ми е гајле што мислат другите?“ и „Дали живеам онака како што навистина сакам?“.
Астролозите велат дека секој разговор за Лавот ќе звучи како монолог, а секоја порака ќе изгледа како драматичен пресврт на настаните. Комуникацијата ќе биде напната, емоциите силни, а егото на тест. Периодот до 11 август ќе го промени погледот на Лавот кон светот и кон себе, објавува „Your Tango“. Лавовите ќе го преиспитуваат својот изглед, однесување и како другите ги гледаат. Иако може да биде исцрпувачки, ова е шанса за голем личен раст и откритие.
Што може да очекува Лавот:
- Драматични промени во идентитетот
- Комуникациски кризи
- Неочекувани пресврти во секојдневните разговори
- Чувството дека животот се претворил во сапуница – со нив во главната улога
Значи, ако сте Лав, подгответе се. И ако познавате Лав, не им застанувајте на патот. Драмата штотуку започнува, но од неа ќе се роди нова, помоќна личност.