дома Култура Националниот џез-оркестар гостува на „Сплитско лето“

Националниот џез-оркестар гостува на „Сплитско лето“

Националниот џез-оркестар ќе гостува на фестивалот „Сплитско лето“, настан во организација на Хрватскиот народен театар.

– Овој концерт ја отвора новата сезона на интернационални гостувања за Националниот џез-оркестар, со што оркестарот ја зацврстува својата позиција на меѓународната музичка сцена преку иновативен пристап и силна уметничка визија. Публиката во Сплит ќе има ретка можност да ужива во уникатна програма што го поврзува современиот џез со традиционалното португалско фадо – во изведба на Националниот џез-оркестар и извонредната вокалистка Мариа Мендеш, под диригентство на маестро Владимир Николов, појаснуваат од Националниот џез-оркестар на Република Северна Македонија.

Настапот на „Сплитско лето“ носи повеќе од музика, се нагласува во соопштението, тој е израз на културна размена, меѓународна поврзаност и внимателно претставување на македонската уметничка сцена пред европската публика.

ПредходнаСветската банка и одобри заем од осум милиони евра за Црна Гора за дигитални финансиски услуги.
СледнаПорталб: Вработени во Министерството за економија си носат вентилатори од дома, климата не е во функција СОЗР ги игнорира