Одборот на извршни директори на Светската банка (СБ) денес одобри заем од осум милиони евра за Црна Гора за модернизација на дигиталната инфраструктура за плаќање, проширување на пристапот до дигитални финансиски услуги за граѓаните и компаниите и намалување на трошоците за домашни и меѓународни трансакции.
Проектот за модернизација на финансиската инфраструктура на Црна Гора и нејзино усогласување со стандардите на SEPA ќе овозможи воведување брзи, речиси моментални дигитални трансакции, правејќи ги финансиските услуги подостапни и пошироко распространети, објавува RTCG.
Со модернизација на инфраструктурата за плаќање и намалување на трошоците за трансакции во економија која е во голема мера зависна од меѓународните парични приливи, се очекува употребата на дигитални плаќања во Црна Гора да се зголеми за една третина до 2030 година, со цел да се достигнат дополнителни 110.000 корисници, вклучувајќи 70.000 жени.




