дома Свет 280.000 луѓе евакуирани во Шангај поради невреме

280.000 луѓе евакуирани во Шангај поради невреме

Најмалку 280.000 луѓе се евакуирани од кинескиот град Шангај од синоќа како превентивна мерка поради тешките временски услови што ја погодија источна Кина, објавија кинеските медиуми.
Некои градови на источниот брег се погодени од тропски циклон и се очекуваат екстремно обилни дождови, според CCTV.
Според извештаите, рано утрово во градот Џоушан во покраината Џеџијанг се регистрирани ветрови со брзина од 23 метри во секунда.
Метеоролозите очекуваат циклонот да го погоди Шангај подоцна во текот на денот.
Кинеските медиуми известуваат дека Шангај обично не е директно погоден од силни тајфуни, туку дека тие обично доаѓаат од морето кон копното во јужните делови на земјата.

ПредходнаАвстралија објави дека ќе им забрани на тинејџерите да го користат YouTube
СледнаЗемјотресите се едни од најтешките природни катастрофи – најсилниот во историјата е со магнитуда од 9,5 степени.