дома Магазин Несекојдневна приказна: Млад дечко ѝ предложил брак 43 пати на девојката за...

Несекојдневна приказна: Млад дечко ѝ предложил брак 43 пати на девојката за 7 години, па таа конечно му рекла „да“

Британецот Лук Винтрип ѝ предложил брак на својата девојка Сара Винтрип дури 43 пати за седум години, по што таа конечно рекла „да“, а приказната за оваа необична ситуација го обиколи светот.

Тој првпат ѝ предложил брак на Јамајка по шест месеци врска. И двајцата претходно биле во сериозни врски, па таа не сакала пребрзо да донесе одлука, пишува „Пипл“.

„Не го очекував тоа. Го сакав, но не сакав да кажам „да“ на нешто за кое можеби подоцна ќе зажалам. Лук ѝрекол: ‘Добро, добро, но ќе те прашувам постојано’“, рекла таа.

Секој пат кога таа велела „не“, тој станувал покреативен. Тој ѝ предложил брак во напуштени замоци, ангажирал музичари, организирал вечери со свеќи итн. Тој претворил напуштен замок во Прага во место од бајките, но дури и тогаш таа го одбила.

„Знаев дека е рано, но знаев дека таа е вистинската. Моите пријатели рекоа: 4Се обидуваш да ја измориш’, но не беше така. Сакав да ѝ докажам колку го сакам ова и се надевав дека еден ден нашите ќерки ќе го погледнат тоа и ќе речат: ‘Па, ако Лук толку многу ја сака мојата мајка, треба да најдам некој што толку многу ме сака мене“, рекол Лук.

Сара конечно се согласила да се омажи за него во 2023 година. Тој момент се случил во Гринич, Лондон. Уличен свирач ги отсвирил сите нејзини омилени песни.

„Кога ми предложи, рече: ‘Ова е центарот на светот, а ти си центарот на мојот свет и сакам да се омажиш за мене’. Конечно го освои моето срце“, се присетила таа.

Додаде дека не жали за времето што ѝ требало да се омажи и им рекла на жените секогаш да си веруваат на интуицијата.

„Мислам дека треба да биде во Гинисовата книга на рекорди. Благодарна сум што издржа толку долго“, рекла Сара.

ПредходнаПо романтичната вечера во Монтреал: Џастин Трудо ја бодреше Кети Пери на нејзиниот последен концерт
СледнаФОТО+ВИДЕО | Марис Џолин го прослави 30. роденден: Го собра кремот на домашната инфлуенсерска и уметничка сцена!