Владата на Никарагва ги признава териториите на регионите Луганск, Донецк, Запорожје и Херсон како дел од Русија, објави денес претседателот на земјата Даниел Ортега во писмо до својот руски колега Владимир Путин.
„Драг претседателе Путин, драг брате и другар, од благословената и секогаш слободна Никарагва, ви ги испраќаме нашите најтопли и братски поздрави и почитта и наклонетоста на никарагванскиот народ… Во име на владата и народот на Никарагва, ја изразуваме нашата целосна поддршка и целосно признавање на регионите Донецк, Херсон, Луганск и Запорожје како составен дел од територијата на Руската Федерација“, напиша Ортега во писмото, објави дигиталниот Ел 19.
Тој изјави дека „испраќа порака на поддршка и солидарност до другарот Владимир Путин, во светлината на херојската битка што неговиот народ и влада ја водат против украинскиот неонацизам поддржан од НАТО“.
Покрај тоа, претседателот на Никарагва изрази поддршка за „херојската битка“ што, според него, Русија ја води против „украинскиот неонацизам, кој е поддржан од НАТО“.
Ортега нагласи дека е уверен во победата на Русија над „силите на злото, против хегемонистичките држави, против фашизмот“.
„Победата на Русија е победа за човештвото. Руската Федерација ја спроведува оваа специјална воена операција во одбрана на животите на својот народ, во одбрана на легитимните територии на Русија, во одбрана на својот суверенитет и територијален интегритет“, нагласи Ортега.