дома ТОП ВЕСТИ Тројца загинати и повредено дете во тешка сообраќајка на автопатот Тетово-Скопје

Тројца загинати и повредено дете во тешка сообраќајка на автопатот Тетово-Скопје

Возач на 59 години и две сопатнички на 55 и 71 години ги загубија животите во сообраќајната несреќа денес околу 15.45 часот на автопатот Тетово-Скопје кај клучка „Север“. Тие се наоѓале во патничкото возило „опел“ со тетовски таблици каде има и повреден едно дете  сопатник.

Автомобилот, во кој се наоѓале починатите и повреденото дете, по контактот со автобусот излетал од коловозот. Јавен обвинител издал наредба за обдукција на загинатите, а за возачот на автобусот е наложено испитување на евентуално присуство на алкохол или психоактивни супстанции

 Според првичните информации, несреќата настанала при контакт помеѓу патничко возило и автобус. Автомобилот, во кој се наоѓале починатите и повреденото дете, по контактот со автобусот излетал од коловозот. Јавен обвинител издал наредба за обдукција на загинатите, а за возачот на автобусот е наложено испитување на евентуално присуство на алкохол или психоактивни супстанции.

Возилата се одземени за технички преглед со цел да се утврди нивната техничка исправност во моментот на сударот. На местото на несреќата бил повикан и стручен вештак од областа на сообраќајот, кој ќе изготви целосно сообраќајно-техничко вештачење базирано на трагите, фотодокументацијата и другите прибрани докази.

Надлежните институции продолжуваат со активностите за целосно расветлување на сите околности поврзани со трагичниот настан.

ПредходнаКривична пријава за гостиварец кој објавувал приватни фотографии со сексистички содржини од лажен профил
СледнаЧиј е македонскиот ветер – личен бизнис интерес на премиерот Мицкоски или енергија за граѓаните?