дома Магазин ФОТО+ВИДЕО | Марис Џолин го прослави 30. роденден: Го собра кремот на...

ФОТО+ВИДЕО | Марис Џолин го прослави 30. роденден: Го собра кремот на домашната инфлуенсерска и уметничка сцена!

Во гламурозна атмосфера, со бел фустан, широки насмевки и табла полна киндер-јајца, инфлуенсерката Марис Џолин го прослави својот 30. роденден. Славеничката, чие вистинско име е Марија Илиева, приреди незаборавна забава во еден скопски локал, која го собра кремот на домашната инфлуенсерска и уметничка сцена.

Меѓу присутните беа добро познати лица како Јелена СпенџарскаЕлена НајдоскиКалтрина КруезиуДарко ВлогсЛара Иванова и Октај Сејди, кои дојдоа да ѝ честитаат на Марис и да се забавуваат со неа до доцна во ноќта.

Фото: Инстаграм/Јелена Спенџарска
Фото: Инстаграм/Александар Динев
Фото: Инстаграм/Ева Јовановска
Фото: Инстаграм/Елена Најдоски
Фото: Инстаграм/Калтрина Круезиу

Марис избра впечатливо, но елегантно издание – бел мини фустан во комбинација со салонки во иста нијанса, а целиот изглед го заокружи со дискретен сјај и заводлива самодоверба.

Фотографиите што ги објави на Инстаграм сведочат за позитивната енергија и блискоста со гостите, но и за внимателно осмислениот роденденски концепт.

Видео плејер

Еден од најинтересните моменти на вечерта беше симболичниот подарок – табла со киндер-јајца, кој, како што кажаа нејзините пријатели, е шега со поента: „30 години, ама сѐ уште дете во душа“.

Роденденската торта беше со два ката, во бело-кафеави нијанси и животински принт, со точно 30 розови свеќички.

Видео плејер

00:00
00:13

Неколку часа пред забавата, Марис ги „запали“ социјалните мрежи со провокативна фотосесија во розова долна облека, во која позира со роденденската торта. Објавата ја проследи со кратка порака: „Почнува сезоната на Лавот и тоа се гледа“.

Фото: Инстаграм/Марис Џолин
Фото: Инстаграм/Марис Џолин
Фото: Инстаграм/Марис Џолин
ПредходнаНесекојдневна приказна: Млад дечко ѝ предложил брак 43 пати на девојката за 7 години, па таа конечно му рекла „да“
СледнаПознати дизајнери на куклата „Барби“ загинаа во сообраќајна несреќа: 82-годишен маж се удрил во нив додека возел во спротивна насока