дома Култура Битолско културно лето „БитФест“ продолжува со концерт на Армин ван Бјурен

Битолско културно лето „БитФест“ продолжува со концерт на Армин ван Бјурен

Битолско културно лето „БитФест“ продолжува со концерт на Армин ван Бјурен

   Битолско културно лето „БитФест“ продолжува со спектакуларен концерт на Армин ван Бјурен кој ќе се одржи в недела на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.

Од секторот за односи со јавност на Општина Битола информираат дека за претстојниот концерт кој се одржува во рамки на „БитФест“ се очекуваат гости од сите македонски градови, како и гости од соседните држави.

-Во целовечерната програма освен големата светска ѕвезда ван Бјурен, в недела ќе настапат и Лаура ван Дам, Сирилик и Семпре. Битола за прв пат во својата историја добива настан со А-класа светски музички артист и продукција според сите светски фестивалски стандарди, соопштија организаторите на концертот, Општина Битола и Авалон продукција.
Битолското културно лето „БитФест“, ќе трае до 31 август, а се реализира со поддршка од Општина Битола и Министерството за култура и туризам.

ПредходнаГодишната инфлација во еврозоната во јули прелиминарно стабилна на 2 проценти
СледнаНов светски рекорд: Во САД измерен најдолгиот блесок на молња во светот со должина од 829 километри