дома Свет Бројот на жртви во нападот врз Киев се искачи на 26, а...

Бројот на жртви во нападот врз Киев се искачи на 26, а 156 лица се ранети.

  Бројот на жртви во рускиот напад врз Киев во ноќта меѓу среда и четврток се искачи на 26, додека 156 лица се повредени, објави шефот на воената администрација во Киев, Тимур Ткаченко.


Во спомен на жртвите од нападот, 1 август е прогласен за Ден на жалост во Киев, објави Укринформ.
Нападнати се 27 локации во четири области на украинскиот главен град, а меѓу погодените објекти имало станбени згради, училишта и болници.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера објави видео од запалените урнатини, истакнувајќи дека е предизвикана голема штета.

ПредходнаДа се забрани или не: Членките на ЕУ дебатираат дали да им ги забранат социјалните мрежи на децата
СледнаМеџити, Касами и Лимани ќе бидат кандидати за градоначалници на Вреди за локалните избори