дома Бизнис Годишната инфлација во еврозоната во јули прелиминарно стабилна на 2 проценти

Годишната инфлација во еврозоната во јули прелиминарно стабилна на 2 проценти

Годишната инфлација во еврозоната за јули, според прелиминарните „кратки“ проценки, е 2 проценти, иста како и во јуни, објави денес Евростат.
Во секторот на услуги во еврозоната, инфлацијата е забележана на 3,1 процент на годишно ниво во јули, што претставува забавување во споредба со 3,3 проценти во јуни.

Цените на храната, алкохолот и тутунот се зголемија за 3,3 проценти на годишно ниво, со побрзо темпо од 3,2 проценти во јуни, а цените на неенергетските индустриски стоки се зголемија за 0,8 проценти на годишно ниво, исто така забрзувајќи во споредба со 0,5 проценти во јуни.
Дополнително, цените на енергијата во еврозоната се намалија за 2,5 проценти на годишно ниво, со побавно темпо во споредба со јуни кога беше забележан годишен пад од 2,6 проценти.
Годишната стапка на базична инфлација во еврозоната е 2,3 проценти, иста како и во јуни и мај и најниска од јануари 2022 година, се додава во извештајот на веб-страницата на Евростат. Во Германија, годишната инфлација во јули прелиминарно се намали на 1,8 проценти, во Италија на 1,7 проценти, додека во Франција беше стабилна на 0,9 проценти, а во Шпанија се искачи на 2,7 проценти.

ПредходнаКварталните приходи на Apple се зголемија за 10 проценти на годишно ниво на 94 милијарди долари
СледнаБитолско културно лето „БитФест“ продолжува со концерт на Армин ван Бјурен