дома Магазин Милионската инвестиција на Леонардо Дикаприо во Израел предизвика бурни реакции на социјалните...

Милионската инвестиција на Леонардо Дикаприо во Израел предизвика бурни реакции на социјалните мрежи

Странските медиуми постојано брујат за „ударот“ што го доби познатиот актер Леонардо Дикаприо од своите обожаватели. Имено, холивудскиот актер одлучил да инвестира баснословни пари во луксузен хотел во Израел, среде војната во Газа, пишува „Еуроњуз“.

Според горенаведеното, Дикаприо поседува 10 отсто удел во гореспоменатиот луксузен хотел или комплекс што се гради покрај брегот во Херцлија, кој се наоѓа северно од Тел Авив и се смета за елитно место.

Овој проект првпат беше дискутиран во 2018 година, а е под покровителство на израелската компанија „Хагаг Груп“, која гради луксузен комплекс во соработка со бизнисмените Ахикам и Лиор Коен. Комитетот за урбанистичко планирање и градежништво на Тел Авив ја одобри изградбата на 27 јули.

Планираниот комплекс се проценува на 270 милиони долари и ќе се простира на 12,6 хектари, многу повеќе од првично планираните 2,5 хектари. Комплексот ќе вклучува хотел на 14 ката со 365 соби, конгресен центар, ресторан со висока кујна, базен и директен пристап до јахтите во марината.

ПредходнаСБ: Македонија е стабилна ама ги анализиравме соседите и пожарите
СледнаДневен хороскоп за 1 август: Можеби е време да го отворите срцето за нешто што мислевте дека е завршено